Убав ден за сите во ФК Тиквеш. За само неколку часови кавадарчани се засилија со двајца младински репрезентативци, прво утринава со Стефан Наумчевски, а попладне потпишан е и Лука Трајкоски кој има само 20 години. Трајкоски беше голем талент на Победа, потоа се пресели во Македонија ЃП, а од денеска Лука е играч на кавадаречкиот второлигаш кој под водство на тренерот Раде Цицмиловиќ има голем амбиции напролет во источната конкуренција. Претходно Тиквеш се засили и со Балдовалиев, Илиевски…

Да кажеме дека Трајкоски има настапи за сите младински селекции на Македонија. Секако дека со Наумчевски и Трајкоски, составот на Цицмиловиќ добива на квалитет, но и на младост.