Јирген Клинсман повеќе не е тренер од Херта. Тој својата одлука за заминување од Берлин ја објави ова на својата страница на Фејсбук. Некогашниот германски ас кој ја презеде улогата на кормилар на тимот од Анте Човиќ на крајот на ноември, не успеа да ја поправи ситуацијата во клубот, кој влезе во страшна криза.

Поранешниот селектор ја објави оваа одлука на Фејсбук, во која остро го критикуваше и клупскиот менаџер, кој не го споменува по име. Во пораката објавена денеска напиша:

„Во битката за опстанок, единството, кохезијата и фокусирањето на најважните работи се најважните елементи. Ако не се загарантирани, не можам да го искористам мојот потенцијал како тренер и затоа не можам да одговорам на барањата“.

Клинсман ја презеде Херта на 15-то место на табелата. И покрај огромните инвестиции во составот за време на зимската пауза, тој едвај беше во можност да ја подобри состојбата, па берлинчани во моментов се наоѓаат на 14-то место.