Рускиот репрезентативец Павел Атман за руските медиуми проговори зошто заминува од Вардар, односно само го потврди она што неговите соиграчи го кажаа од претходно и ги објасни своите причини.

„Добив чисти документи од Вардар, го реализирав трансферот во Спартак и веднаш се враќам во Москва. Иднината во клубот е неизвесна, а и на многу прашања нема одговор. Никој не знае до кога ќе биде вака. Мислам дека доколку продолжат проблемите и другите ќе си заминат. Немам земено плата откако пристигнав во Вардар. Одлучивме да се вратиме во Москва затоа што ситуацијата во моето семејство е специфична, сопругата ми е бремена со второ дете и потребно беше да донесам одлука“, објасни Павел Атман, зошто се одлучи да го напушти Вардар.

Покрај Атман, денеска си замина и Даинис Кристопанс, а на крајот на сезоната во најава се заминувања и на уште најмалку петмина вардарови ракометари.