По еден меч пауза поради картони, Џенаро Гатузо повторно му верува на нашиот репрезентативец. Елиф Елмас и вечерва е во стартните 11 на наполитанците за првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија.

Дуелот на „Џузепе Меаца“ почнува во 20.45 часот, а Наполи и Елмас ќе се обидат да извлечат добар резултат пред реваншот кој ќе го одиграат пред своја публика на 5 март. На последниот меч на кој Елиф беше стартер против Сампдорија во првенството, тој успеа да постигне и дебитантски гол.