По сите денешни најави за заминувања од европскиот шампион Вардар, вечерва и информација дека словенечкиот централен бек Сташ Скубе е на пат да си најде нов клуб.

Според пишувањата на француски „Л’Екип“, екс-тренерот на скопските „црвено-црни“, Раул Гонзалес, го посакува Скубе во својот тим за следната сезона. Преговори меѓу двете страни имаше и пред почетокот на сезоната, но тогаш Скубе реши да остане во Вардар. По последните настани, ПСЖ повторно ќе тргне да го убедува Словенецот и да му понуди добра соработка.