Српскиот репрезентативец од екипата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе неколку години по ред е мета на најголемите светски клубови, па најверојатно ова лето, конечно, ќе ја промени средината. Како што објавија денеска дел од српските весници, повикувајќи се на извори на италијански „Тутоспорт“, Милинковиќ-Савиќ е голема желба на Зинедин Зидан, кој работи напорно за да подготви понуда која „лацијалите“ нема да ја одбијат.

Лацио има одлична сезона, а Сергеј е дел од тимот кој се бори дури и за титулата. Според најавите, Реал е подготвен да плати 50 милиони евра во кеш, но и да го испрати Хамес Родригез во Лацио во замена за српскиот репрезентативец. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е подготвен да ја прифати оваа понуда затоа што го цени квалитетот на Родригез.