Не минаа ниту два дена од заминувањето на Јирген Клинсман од позицијата тренер на Херта Берлин, и објави видео на својот профил на „Фејсбук“, на кое ја критикуваше работата на Михаел Прец, легендата на клубот од Берлин и сегашен генерален менаџер.

Тој смета дека имало поделби во екипата, и дека неколку пати Прец не ги слушан неговите совети.

„Обично треба двајцата да се договораме за некои работи, и да носиме одлуки, но тоа не се случи. Очигледни се поделбите таму. Тренерот е тој што треба да носи одлуки, а негова работа е да следи и да укажува, не да дава коментари за играчите и судиите. Навистина не разбирам“, рече Клинсман, кој на крајот од видеото признава дека имал и неколку грешки за време на неговото водење на екипата.