Наполи направи огромен чекор кон финалето во Купот на Италија, со вечерашната победа над Интер и тоа на „Џузепе Меаца“ во првиот полуфинален меч.

Елмас беше стартер во натпреварот со Интер, на кој Фабијан Руиз погоди во 57. минута и го реши победникот. Руиз откако си создаде простор, прекрасно стрелаше во голот на „нероаѕурите“.

„Дијамантот“ одигра цел натпревар за гостите, кои со вредна победа се враќаат од ова тешко гостување, кај лидерот на табелата во Серија „А“.

Реваншот е во Неапол, на 5. март.