Филип Кузмановски и Магдебург ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЕХФ купот, на гости кај Адемар Леон, 27:31 (14:12).

Двата тима го менуваа водството во првиот дел, за вториот комплетно да му припадне на Магдебург, кој сега стои на лидерската позиција во групата Ц.

Во второто полувреме шанса доби и македонскиот репрезентативец, кој постигна еден погодок.

Следен противник на Кузмановски е Кирил Лазаров и Нант, со кои се соочуваат во третото коло од групната фаза.