Фудбалската Федерација на Македонија води посебна грижа за своите младински селекции. Се закажуваат голем број пријателски натпревари со силни противници, се со цел да се воиграат младите фудбалери. Денеска во БиХ, селекцијата на Македонија до 17 години предводена од селекторот Драган Канатларовски ќе одигра пријателски меч, за два дена следува реваншот.

Со истата селекција, но за играчи до 18 години, момците на селекторот Шкумбун Арслани во Скопје на 18 и 20 февруари ќе имаат двомеч. И на крај, избраниците на селекторот Горан Станиќ, селекцијата до 19 години, на 25 и 28 февруари ќе ги одмерат силите со соодветната селекција на Грузија, и овој двомеч ќе се одигра во Скопје.