Паоло Малдини вели дека Милан на средбата со Интер го покажа најдобриот фудбал во последните 5 години и сега може засилено да се подготвува за полуфиналето на Купот против Јувентус. На прашањето дали на лето ќе следува нова тренерска промена со доаѓањето на Ралф Рангник, Малдини вели дека „Рангник не е вистинскиот профил на тренер за Милан“.

„Росонерите“ се уште се обидуваат да ја најдат вистинската формула, но по сите разочарувања изминатите години тешко се доаѓа до константа во играта и резултатите.

„Ако правилно ја анализираме играта, навистина беше фантастично прво полувреме, најдобриот настап во последните пет години, според мене“, рече Малдини.

За гласините од Германија дека шефот на Ред Бул Лајпциг, Ралф Рангник ќе биде нов тренер следната сезона, Малдини вели:
„Читав за тоа. Искрено, како директор, со целосна почит, не мислам дека тој е вистинскиот профил на тренер за клуб како нашиот“.