Агенцијата за млади и спорт ја објави најновата листа на доделени ваучери за тековната година. Дел од клубовите јавно го изразија своето незадоволство.

По повод најновите ваучери се огласи и Александар Маленко на својот официјален „Фејсбук“ профил. Неговиот став ви го пренесуваме во целост.

„Вистината за Владин Проект наречен – Спортски Ваучери , Дополнителна Финансиска Помош за Наши Врвни Спортисти, Спортски Репрезентации и Клубови со Интернационални Настапи во официјални категории !!!
Се започна пред една и пол година официјално во сала за состаноци во популарниот клуб на пратеници, со официјални покани до спортски федерации, во присуство на Државни Функционери за Спорт (директор на агенција, владини советници за спорт и млади ). Се отвори јавна дебата за поставување критериуми во секој спорт од матична федерација согласно официјални настапи на наши спортисти од кои и ќе зависи висината на финансиска помош-спортски ваучер.
По завршување на седницата, од која има и официјален записник со потпис на секој присутен, НИКОЈ НЕ ДОБИ ЗАПИСНИК, камо ли било која идеја, предлог бил разгледан или усвоен!
Нејсе….
За циркузот наречен – спортски ваучери, биде уште потрагикомичен, се погрижија
Државните Функционери наречени Министри, Директори, Советници, портпароли, партиски полтрони и слични спортско неписмени сподоби, кои замислете направија свечен прием во Влада, и меѓусебно запознавање со бизнис заедницата и спортистите!!!
За циркузот биде комплетен, нормално требаше една година време (како и на кого да се довери проектот за реализација во целост, односно преку кого да се исперат народни пари наменети за врвни спортисти, над 10.000.000 еу)
За крај…. најважното од сето ова горенаведено е следно :
Рекреативци (кои се водат како врвни спортисти), Партиски Полтрони пикнати по спортски федерации, партиски клубови и спортски школи – милиони евра, а Вистински Врвни Спортисти – искрено
за жал имаме само неколкумина добија НУЛА или приближно НУЛА ДЕНАРИ !!!
Само за информација, во пливање замислете добија НЕРЕГИСТРИРАНИ ПЕТ ПЛИВАЧКИ КЛУБОВИ, со еден или ниту еден пливач, ни помалку ни повеќе туку спортски ваучер- 200.000 ден на секој од Нив !?!
Како беше господа државни функционери она познатата- НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР!
Епа држете се……. ама јако!!!!!!!!
Пошо вистината е како шило, па така за Ваша информација и на Граѓаните од чии пари формирате годишен буџет и си играте “демократска”власт, да Ви порачам:
Од 2002г-2020г имам над 27 УСБ со доказен материјал за секој од Вас кој бил инволвиран во спортски криминал !!!
Мрш“, пиша Маленко.