Tимот на Манчестер Јунајтед подготви 280 милиони евра за да ги обезбеди посакуваните засилувања за следната сезона. Според „Дејли Меил“, „црвените ѓаволи“ ќе потрошат 160 милиони евра за ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш и за еден од најдобрите фудбалери на Лестер, Џејмс Медисон. Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер веќе се засили со играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш за 55 милиони евра, но верува дека на тимот му треба уште еден „диригент“ во средниот ред, особено ако тимот се збогува со Французинот Пол Погба, што изгледа премногу веројатно.

23-годишниот Медисон започнал преговори за нов договор со „лисиците“, но според медиумите, 20-кратниот шампион на Англија е подготвен да понуди скоро 100 милиони евра за неговите услуги, нудејќи му надомест од околу 200.000 фунти неделно.

„Мирор“ додава дека клубот е подготвен да плати уште 120 милиони за својата друга голема трансфер цел – sвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.