Марселино Гарсија Торал ќе биде нов тренер на Милан од следната сезона, тврди шпански Мундо Депортиво. Овој, 54-годишен шпански тренер во моментов е без клуб, откако претходно беше отпуштен од Валенсија.

Марселино ќе го наследи Стефан Пиоли на клупата и треба на Милан да му помогне да закрепне и да се врати во светскиот фудбалски врв.

Марселино имал голем број клупски понуди периодов, меѓу кои и од Арсенал, но се одлучил да го преземе Милан.