Работнички направи голема реконструкција во составот во зимскиот преоден рок. Промени има и во стручниот штаб откако за асистент на шефот Ратко Достаниќ е именуван Баже Илијоски, поранешниот истакнат фудбалер на нашиот клуб. Тој почнува нова кариера и ќе го учи тренерскиот занает, а неговото искуство секако ќе биде драгоцено за актуелниот играчки кадар. Ова го најави „Спортмедиа“ уште пред неколку дена, дека поранешниот играч кој потекнува и од школата на „романтичарите“, се враќа во тимот од Градски Парк како тренер.

„Верувам дека со напорна работа Работнички ќе се врати на старите победнички патеки, а јас отворам еден нов сегмент во животот, во клубот кој дадов најмногу и како фудбалер. Не се сомневам дека ќе научам од Ратко Достаниќ и се надевам дека ќе можам да помогнам со моето досегашно искуство“, вели Баже Илијоски.