Кризата која ја дрма екипата на Барселона е надополнета  и со неколку поранешни играчи кои „удрија“ по својот поранешен тим. Најпрво Дугари рече дека тоа е клуб на „кловнови“, а потоа и бразилскиот Роналдо рече дека не бил доволно ценет.

Сега со слична изјава се јави и Карлес Перез, младиот играч кој отиде на позајмица во Рома до крајот на сезоната.

„Среќен сум што сум дел од Рома, тоа е голем клуб. Дојдов на повик на тренерот Фонсека кој сериозно смета на мене. За Барселона не сакам да зборувам, тоа е минато за мене“, рече Перез.

На младиот играч после еден тренинг му било кажано дека нема да смета на него, и дека оди во Рома на позајмица, иако никој претходно не го консултирал ниту му кажал за ваквиот потег.