Претстојниот викенд со мечевите од 19. коло стартува пролетниот дел од 28-от фудбалски шампионат во Македонија.

Во сабота се игра средбата меѓу Вардар и Македонија ЃП и тоа со почеток од 14 часот низ директен пренос на ТВ Арена и МТВ. Во недела пак се игра дербито меѓу Академија Пандев и Шкендија, меѓу третиот и вториот на табелата, меѓу актуелниот освојувач на купот и првакот на Македонија. И овој меч ќе го следиме во живо на ТВ Арена и МТВ, но за разлика од останатите средби, оваа почнува еден час порано, од 13.

Сите други почнуваат во 14 часот, а се среќаваат Струга Трим Лум – Работнички, Шкупи – Борец и Ренова – Силекс.