Тимот на Френк Лампард веќе го обезбеди своето прво луксузно засилување за следната сезона. Станува збор за 26-годишниот Хаким Зиех, откако денеска е потврдено дека Челзи и Ајакс постигнале договор за трансфер на мароканскиот фудбалер.

Веста ја потврдија најголемите весници во Холандија. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ со кој претседава Роман Абрамович ќе плати околу 45 милиони евра за младиот фудбалер на холандскиот шампион.

Челзи веќе се обиде да го ангажира и за време на зимскиот пазар, но Ајакс остана на политиката да не ги пушта своите играчи на средина од сезоната.