Работнички во зимската пауза доведе девет нови имиња, и со тоа целосно го смени тимот.

„Романтичарите“ грчевито ќе се борат за опстанокот во првенството со дури девет нови фудбалери, и со, речиси, целосно нов стручен штаб предводен од Ратко Достаниќ.

Работнички се засили со: Јаник Дао (Австралија), Бранислав Трајковиќ (Србија), Драшко Ѓорѓевиќ (Србија), Христијан Пецов и Дин Аломеровиќ се засилувања за одбраната, Милош Тошевски, Јордан Ломба (Белгија) и Христијан Вецевски треба да ја засилат конкуренцијата во средниот ред, а Марио Крстовски кој дојде на позајмица од Академија Пандев е ново име во нападот на Работнички.