Албан Сулејмани и Ангело Демај се двете нови имиња во екипата на Струга Трим Лум. Станува збор за играчи од нападот, односно од средниот ред, кои ќе треба да ја зголемат конкуренцијата во тимот од Струга.

Сулејмани во минатото беше дел од Ренова, Партизани Тирана, Легија Варшава, а последните шест месеци ги мина во Македонија ЃП. Бил и во помладите селекции на Македонија.

Демај е албански интернационалец кој има 18 години. Доаѓа од тимот на Шкендија Тирана.