Одредени се судиите за првото пролетно или 19.коло во тековиот шампионат. Полусезоната почнува во сабота со натпреварот на Арената „Тодор Проески“ и средбата меѓу Вардар и Македонија ЃП. Оваа скопска пресметка ќе ја суди еден од нашите најдобри судии Игор Стојчевски. Додека во недела, на дербито во Струмица во кое се среќаваат А. Пандев и Шкендија, правдата ќе ја дели Димитар Мечкаровски. Крумислав Ѓорѓиев ќе суди во Струга, Марјан Младеновски во Тетово а Марјан Гоцевски на Чаир.

СУДИИ ЗА 19.КОЛО:

САБОТА:

СКОПЈЕ: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (И. Стојчевски – Скопје)

НЕДЕЛА:

ТЕТОВО: РЕНОВА – СИЛЕКС (М. Младеновски – Скопје)

СТРУГА: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (К. Ѓорѓиев – Штип)

СКОПЈЕ: ШКУПИ – БОРЕЦ (М. Гоцевски – Струмица)

СТРУМИЦА: А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (Д. Мечкаровски – Скопје)