Црни мисли продолжуваат да го окупираат Тајсон Фјури. Десет дена пред неговиот реванш со Дионтеј Вајлдер, поранешниот светски шампион во тешка категорија призна дека секоја недела му се враќаат самоубиствени мисли и демони. Тој вели дека ќе умре за една година ако ја заврши својата боксерска кариера.

Како што е познато, во последните години Фјури има проблеми со менталното здравје и стана депресивен откако го победи Владимир Кличко во 2015 година. Претеруваше со алкохол и дрога, драстично се промени и размислувал за самоубиство.

„Со нетрпение ја чекам сабота. Мојата рутина ме одржува во живот. Ако ја напуштам салата, ќе бидам мртов за една година, тоа е сигурно“, вели Фјури во интервју пред дуелот со Вајлдер.