Џејмс Харден и Расел Вестбрук делуваа незапирливо и го предводеа Хјустон до победа над Бостон, 116:105. Харден мечот го заврши со 42 поени, додека Вестбрук додаде 36 поени и 10 скокови, а Гордон Хејворд со 20 поени на другата страна, не можеше сам да им се спротивстави.

Својот најдобар натпревар во НБА лигата го одигра првиот избор на драфтот сезонава, Зион Вилијамсон. Тој за 28 минути на теренот постигна 31 поен, девет скокови и пет асистенции и беше прв играч на Њу Орлеанс во победата над Портланд, 138: 117. Кај Портланд се издвоија Демијан Лилард и Сиџеј Мек Колум со по 20 поени.

Филаделфија го совладаа ЛА Клиперс, 110:103, во дербито на вечерта, каде до победа стигнаа благодарение на Џоел Ембид со 26 поени и Бен Симонс, кој имаше трипл-дабл (26 поени, 12 скока, 10 асистенции). Кај Клиперси, Кави Леонард постигна 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Л.А. Клиперс 110:103

Вашингтон – Чикаго 126:114

Њу Орлеанс – Портланд 138:117

Оклахома – Сан Антонио 106:114

Хјустон – Бостон 116:105