Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков, вечерва во дресот на унгарскиот великан Веспрем го игра јубилејниот 100-ти натпревар. Вечерва екипата на Веспрем во Лигата на шампионите се среќава со Кил. Манасков вечерва има причина за уште подобар настап.

Од унгарскиот клуб на социјалните мрежи му честитаа на нашето крило за јубилејниот меч.