Бугарскиот напаѓач Валери Божинов официјално се враќа во Италија. Поранешниот репрезентативец потпиша договор со италијанскиот второлигаш Пескара, каде тренер е поранешниот соиграч од Јувентус Никола Легротаље.

Бугаринот потпиша договор до крајот на сезоната со можност да продолжи на уште една сезона. Инаку Пескара ќе му биде 16-тиот клуб на Божинов кој играл во осум различни држави – Италија, Англија, Португалија, Бугарија, Србија, Кина, Швајцарија и Хрватска.

Ги бранел боите на Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Парма, Спортинг Лисабон, Верона, Виченца, Левски, Тернана, Партизан, Мејџоу Хака, Лозана, Ријека, Ботев Враца.