Еурофарм Пелистер не успеа да го елиминира Нексе и да си закаже дуел со Вардар во СЕХА. Битолчани требаше да победат најмалку со три разлика, и не го сторија тоа.

Меѓутоа во спортска Битола вчера салата „Боро Чурлески“ беше преполна да ги прими сите љубители на ракометот. Откако Еурофарм стана Еурофарм Пелистер, има повеќе публика. Кога е зелено во Битола, се е поубаво.

Претстои и жестока битка за титулата во домашното првенство. Вардар е фаворит, но на „црвено-црните“ им се случува „егзодус“, па така Еурофарм Пелистер сигурно дека ќе се обиде да го искористи тоа, и да дојде до пехарот.

Во меѓувреме погледнете како беше вчера на трибините, на кои присуствуваа и познати ракометни лица.

ФОТОГРАФИИ: BITOLANEWS