Потребно беше да се случи „потрес“ како што е заминувањето на Даинис Кристопанс и Павел Атман за некој од челниците на европскиот првак Вардар да се појави на тренинг или поточно, спортскиот директор на „црвено-црните“ Едуард Кокшаров и извршниот директор Давор Стојаноски да ги видиме надвор од канцеларија.

Рака на срце, Стојаноски најчесто е достапен за разговор и може да го видиме во СЦ „Јане Сандански“, но според информациите до кои дојде СПОРТМЕДИА, Кокшаров за првпат се појави по Европското првенство.

Задоцнета мобилизација!? Дефинитивно! Требаше играчите да почнат да заминуваат за некој да реши да зборува со нив, или не! Барем капитенот Стојанче Стоилов така најави на денешниот прес „Никој ништо не знае и никој ништо не кажува!“