Интересно и за првпат во Македонија. Имено во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ, тренерот Ернест Ѓока ќе биде на располагање на фановите на Шкендија, но и на останатите кои  ќе сакаат да му постават било какво прашање во однос на подготовките, тимот, зимскиот преоден рок, шансите на Шкендија да ја освои титулата и слично.

Денеска од 16 до 17 часот на „Фејсбук“ страната на ФК Шкендија, шефот на стручниот штаб на нашиот шампион ќе одговори на сите прашања поврзани со македонскиот шампион.