Мекларен денеска и официјално го престави својот нов болид за новата сезона во Формула 1, кој ќе го возат пилотите, Карлос Саинц и Ландо Норис.

Новиот болид го доби индексот MCL35. Комбинацијата на бои на шасијата како целина не е променета, но сината боја стана повпечатлива. Во сезоната 2019, Мекларен го зазема четвртото место во категорија на конструктори,додека кај пилотите Саинц заврши како шести.