Директорот на АМС, Дарко Каевски денеска на прес-конференција во Владата објасни зошто нема ваучер за ФФМ, односно има нула денари за оваа федерација, додека за другите има одредена сума издвоена од буџетот. Тој објасни дека во разговор со ФФМ, федерацијата одлучила ваучерот да биде доделен на фудбалските клубови.

„Ваучерот што требаше да биде за ФФМ, е наменет за сите фудбалски клубови, од тука сакам да им се заблагодарам на ФФМ и на сите федерации кои мислат на своите клубови. Верувам дека во овој пример ќе го следат останатите федерации, и со тоа да дадат дополнителна можност за финансирање на спортистите“, рече Каевски кој денеска рече дека 10 милиони евра влегуваат во спортот преку ваучерскиот систем, односно ваучери добија федерации, клубови и индивидуални спортисти.