Полски Келце денеска доби висока парична казна од 15.000 евра, затоа што нивните навивачи имаа истакнато транспарент со навредлива содржина за ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров.

ЕХФ го санкционира полскиот тим, откако навивачите на Келце во ноември минатата година извадија транспарент со навредлива содржина наменет за Дибиров, како одговор на битката со фановите на Вардар од Скопје.

Комисијата констатирала дека секој акт на одмазда или делење своја правда нема место во ракометот.