Ако Новак Ѓоковиќ со право може да се пожали на однесувањето на навивачите кон него во некои делови на светот, како Лондон, Њујорк или Мелбурн, во други тој навистина може да биде горд на своите фанови.

Еден од нив, Џефри Гуо од Пекинг, направи биста со ликот на Новак, во чест на победата на Австралија опен. Во својата фогографија, таа напиша:

„Направив биста за мојот идол Новак Ѓоковиќ. Ја нареков крал“.

Новак лично му се заблагодари:

„Прекрасно, ти благодарам, Џефри“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм профилот на уметникот.