Македонскиот второлигаш Кит Го загуби со 2-1 (0-0) од грузискиот второлигаш Зугдиди на последниот натпревар од подготовките во Анталија. Во максимално израмнет натпревар, Кит Го загуби со гол примен во последниот период од играта, нешто слично како и на првите два тест дуели.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Грузијците поведоа со 1-0, на 1-1 израмни младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, а потоа во 80. минута Зугдиди дојде до победата од 2-1.

Кит Го настапи во следниот состав: Денковски, Антонов, Николовски, Гогов, Христов, Рајков, Дујоски, Алексовски, Мичковски, Најдов и Ступиќ.

Последните 20 минути од средбата ги одигра и најновото засилување Бојан Ѓорѓиевски, за кого ова беше деби во дресот на Кит Го.