По вториот меч како стартер откако Џенаро Гатузо е тренер на Наполи, Елиф Елмас уште еднаш покажа дека го заслужува првотимскиот статус. Дијаманот синоќа на „Џузепе Меаца“ беше еден од најдобрите поединци во таборот на победничкиот тим.

Доволно самиот Гатузо, кој кога дојде во Наполи како да го заборави Македонецот, сега со пофалби да кажува дека Елмас може да биде голем играч…

„Може да игра на повеќе позиции, има неверојатна сила и техника. На секој натпревар влегува 100%, добар е и во одбраната. Важно е што може многу да напредува, може да биде голем играч“ изјави Гатузо за Елмас во синоќешната победа над Интер во Купот на Италија.