Епидемијата на коронавирус која се шири со галопирачка брзина, ја одложи Ф1 трката на ГН на Кина, а сега истото се заканува и на ГН на Виетнам, пренесува „Скај спорт“.

Исто така Ф1 тимовите се мачат и со селидба во Мелбурн каде се отвора сезоната, со оглед дека голем број од авионските врски се затворени поради коронавирусот.

„ФИА ќе го проценува календарот за оваа година, и ако треба ќе ги превземе сите работи за да се заштити глобалната заедница на мото спортот и пошироката јавност“, велат од управниот одбор на Формула 1.