Екипата на Милан пропушти одлична можност да обезбеди предност во дуелот со Јувентус и да си ги зголеми шансите за пласман во финалето на Купот на Италија. Вечерва во првиот полуфинален меч на „Сан Сиро“ четата на Стефано Пиоли одигра 1:1 против Јувентус иако имаше предност до самиот финиш.

Милан поведе со голот на Анте Ребиќ во 61 минута. Несфатливо е како одбраната ја Јуве го пушти Хрватот да шутира по една нафрлена топка по која го совлада Буфон. Во 72 минута Милан остана со играч помалку по исклучувањето на Тео Ернандез, но момците во црвено и црно не издржаа.

Во 90 минута судијата Паоло Валери покажа пенал кога Калабрија играше со рака во својот шеснаесетник. Кристијано Роналдо погоди за 1:1.

Реваншот се игра на 4 март.