Без разлика како ќе заврши денешниот меч на „Сан Сиро“, Милан ќе биде со голем пех пред реванш полуфиналниот меч од Купот на Италија против Јувентус.

Првата ѕвезда на тимот, Златан Ибрахимовиќ нема да биде во реванш-полуфиналето на италијанскиот Куп откако денеска по само 28 минути игра доби жолт картон поради удар со лакт.

Тоа автоматски значи активирање на суспензијата поради бројот на жолти картони. Милан ќе мора без него на реваншот во Торино да се надева на финале.