Судии од Јужна Америка би можеле да делат правда на натпреварите од групната фаза од Европското првенство 2020 година, открија од УЕФА. Затоа, пак, судии од Европа ќе делат правда на првенството на Јужна Америка.

Ова може да биде новина на ЕП, откако вчера УЕФА и јужноамериканската федерација КОМЕБОЛ потпишаа меморандум за разбирање во седиштето на УЕФА во Нион.

„Оваа програма може да осигура екипа од судии од Европа да дели правда на натпревари на Копа Америка, а екипа од судии од Јужна Америка да делат правда на мечеви од ЕВРО 2020“, се вели во соопштението.