Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт направија изненадување во 23. коло од германската ракометна Бундеслига, откако на гостувањето кај Мелсунген славеа со 26:21. Мелсунген беше непоразен на последните три меча, но Штутгарт успеа да излезе од кризата на пет последователни порази и се враќа како победник од ова тешко гостување.

Нашиот репрезентативен пикер средбата ја заврши со еден постигнат гол од два обида.

Филип Миркуловски со екипата на Вецлар успеаја да му откинат еден бод на фаворитот Рајн Некар. Пред своја публика Вецлар одигра нерешено 27:27 со „лавовите“, а нашиот интернационалец успеа да постигне еден гол.

За разлика од овие двајца наши интернационалци, Филип Талески и Балинген беа убедливо поразени на гостувањето кај Ерланген со 32:27. Талески имаше 5 обиди од кои постигна само еден гол за својот тим.

Standings provided by Sofascore LiveScore