Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо е забележан вчера во ресторанот на извршниот директор на Интер, Хавиер Занети, по што се појавија шпекулации дека тој ќе биде новоз асилување за миланскиот тим.

Квадрадо бил во друштво со неговата сопруга Дајана Ботеро и легендата на Интер. Засега не се знае дали двајцата имале разговор на тема трансфер, но се претпоставува дека Колумбиецот не сака да остане во редовите на Јуве и следната сезона.

Договорот на Квадрадо со „Старата Дама“ е до 2022 година.