Враќањето на Стеф Кари во составот на Голден Стејт е многу блиску. Тренерот на „Воините“, Стив Кер, призна дека ѕвездата на тимот „прави се повеќе и повеќе работи“, а последното нешто беше тренинг на цел терен со други играчи, но без никаква одбрана.

Следниот важен датум за Кари оваа сезона е 1 март, кога тој ќе биде ставен на нова серија специјалистички тестови.

„Тој веќе е вклучен во некои наши неконтактни активности. Наскоро ќе имаме повеќе информации за неговата повреда . Досега се чини дека се оди добро и тој работи на подобрување на неговата фитнес подготовка“, вели Кер.