Нашата футсал селекција денеска на ждрепката во Нион, за баражот за пласман во елитната квалификациска фаза, ја доби Англија за свој ривал. Првиот меч се игра на гости, на реваншот ќе бидеме домаќини. Овие мечеви се играат во април, победникот оди во главната квалификациска фаза за пласман на ЕВРО 2020 кое ќе се одржи во Холандија.

БАРАЖ ДВОЈКИ

Англија – МАКЕДОНИЈА

Турција – Грција

Сан Марино – Данска

Израел – Кипар

Швајцарија – Германија

Бугарија – Ерменија

Црна Гора – Литванија