Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, ШУГА се појавила во соблекувалната на Динамо. Иако станува збор за најголемиот клуб на овие простори, сепак оваа заразна болест на кожата ја има во таборот на „Модрите“. Лекарите, докторите, персоналот и сите други веднаш презеле мерки.

Среќа за Динамо е тоа што засега кај играчите од првиот тим не се најдени симптоми на оваа болест, истата е пронајдена во младинскиот погон. Тоа значи дека нашиот репрезентативец

Арија Адеми е добар, но капитенот на „модрите“ и останатите негови соиграчи мора да бидат максимално внимателни и да се придржуваат на упатите на докторскиот тим и епидемиолозите..