Во есенска полусезона Струга Трим Лум беше најпријатното изненадување во ПМФЛ, дали тој тренд ќе продолжи и во пролетниот дел, кој стартува викендов, свој коментар има стратегот на струшкиот прволигаш Јетон Беќири. Инаку тој за СПОРТМЕДИА говори и за мечот со Работнички, за тоа дали екипата е подготвена…

„Па не можеш секогаш да бидеш изненадување. Секако дека оваа пролет сите кон нас ќе гледаат со поголем респект. Само не знам дали тоа за нас ќе биде подобро. Во секој случај јас сметам дека не очекува супер интересна пролетна полусезона. Сите екипи, освен две или три, се тука некаде по квалитет. Секој секого може да победи и од секого може да загуби. Познато е дека во мак – фудбалот во пролетниот дел е многу потешко за играње. Потешко се освојуваат бодови, од друга страна мислам дека Струга Трим Лум максимално подготвена  влегува во полусезона, и ние како и останатите си ја бараме својата шанса за освојување на што повеќе бодови. А дека ќе биде тешко, ќе биде во секој случај, не треба никој да се сомнева во тоа“ вели Беќири.

РАБОТНИЧКИ ВО МОМЕНТОВ Е НАЈНЕПОСАКУВАН РИВАЛ

Во недела во Струга на гости доаѓа Работнички. Тим кој што напролет ќе бие силна битка за изборување на опстанокот. Да споменеме дека Струга Трим Лум во есенскиот дел во два наврати славеше над „романтичарите“ со по 2:1.

„Познато е колку јас како тренер го ценам Работнички како клуб. Имав можност да го следам во Анталија, и мој заклучок е дека во моментов Работнички е најнепосакуван ривал за сите. Овој Работнички е многу, многу подобар од оној што беше есента. Но, ни е играме дома, одиме на добар резултат. За нас, но и за нашиот противник оваа средба ќе биде многу важна, но нема да биде пресудна. Пресудни се сите 18 пролетни кола, а не само еден меч. На крајот кога ќе подвлечеме црта што сме направиле е тогаш ќе видиме кој и што било пресудно за тој наш пласман, каков и да е. Ние си ја гледаме нашата работа, нашиот интерес како и сите останати клубови, и ќе настојуваме на секој меч да одиме по добар резултат, на секој. Веруваме во себе, и со голема мотивација го дочекуваме стартот на полусезоната’ заврши Беќири.