Ракометниот прволигаш Бутел Скопје има нов играч, а тоа е бекот Богдан Николиќ. По Пелистер и Струга, ова е трет клуб за црногорскиот интернационалец во Македонија. Тој со нетрпение го очекува дебито за новиот клуб.

Чув дека Бутел е многу добро организиран клуб кој расте од година во година. Годинава ќе играме во плеј-офот и се надевам дека јас бргу ќе се вклопам и ќе му помогнам на тимот во тие натпревари и во остварувањето на целта – пласман во Европа. Јас бев неколку месеци без клуб и овој трансфер ми значи многу. Со нетрпение го чекам официјалното деби. Се надевам што поскоро ќе ја вратам старата форма и самодовербата. Плеј-офот ќе биде многу интересен бидејќи поголем дел од екипите се изедначени по квалитет“, вели Николиќ