Ако и вечерва не успее да победи, Лусиен Фавре ќе биде поранешен тренер на Борусија Дортмунд. Ваква информација објави денешен „Билд“ кој тврди дека во редовите на „милионерите“ веќе е познато и името на неговата замена.

Наспроти сите тврдења на клупското раководство, весникот дознава дека газдите веќе се во потрага по можни кандидати за замена на Фавре. Првиот избор на списокот е токму тренерот на клубот против кој Фавре вечерва го има клучниот меч – Ади Хутер од Ајнтрахт Франкфурт.

Австриецот долго време ужива одлична репутација во лигата и оттука „милионерите“ го позиционирале како прв фаворит за наследник на Швајцарецот.