Полуфиналистот од плеј-офот и Купот Гостивар ги засили своите редови со уште еден странец. Тоа е американскиот интернационалец Малколм Армстед кој игра на плејмејкерската позиција и е висок 183 сантиметри и доаѓа од косовскиот тим Пеќ. Претходно бил член на Приштина, Крка, Нептунас, Истанбул ББ, Бујукчекмеџе, и на грчки АЕК Атина.

Со тоа Гостивар за исполни квотата од четворица странски кошаркари бидејќи ги има Доналдсон, Ѓелетовиќ, Ли и сега Армстед.