Програмата за продажба на билети за Европското првенство во фудбал 2020 година ги собори сите рекорди.

Според УЕФА, навивачите досега испратиле 28,3 милиони барања за купување на билети што е двојно повеќе отколку пред Европското првенство во 2016 година.

Во моментов се познати 20 од 24 учесници во последната фаза на Европското првенство, а преостанатите ќе бидат утврдени во март по последните мечеви од Лигата на Нации.

Европското првенство во 2020 година ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година во 12 европски градови.