Мина најсиромашниот преоден рок во последните неколку години во ПМФЛ. Шеговито немаше „бомбички“, а камо ли трансфер „Бомби“. Таа приказна се чини ја нема веќе во ПМФЛ. Веројатно Вардар да смееше да пазарува ќе беше поинаку, а вака Шкендија не се претргна премногу да донесе квалитет, а загуби квалитет со заминувањето на Бејтулаи, Жуниор. Работнички одново го реновираше тимот, А. Пандев осетно се засили, Македонија ЃП е тука некаде, Шкупи на имиња ќе биде послаб, додека Струга ТЛ веројатно ќе биде посилна. Силекс го загуби капитенот Филип Дурански, но пак донесе двајца Срби и Мустафов од Струга ТЛ. Ренова со мали измени остана со истиот состав, Борец донесе квалитет, но и загуби.

Во продолжение можете да видите кој се дојде и кој си замина оваа зима во ПМФЛ.


ВАРДАР

ДОЈДОА:/

ЗАМИНАА: Стефан Наумчевски (Тиквеш), Никола Серафимов (?).


ШКЕНДИЈА

ДОЈДОА: Абубакар Ес Сахал (Генгамп – Франција), Алдаир Нето (Бангор сити – Велс), Арлинд Далку (Ворскла – Украина), Валон Ахмеди (Интер – Хрватска), Јан Кривак (Карвина -Чешка)

ЗАМИНАА: Јакуп Бериша (Шкупи), Егзон Бејтулаи (Хелсинборг – Шведска), Хуан Фелипе (?), Зени Хусмани (Домжале – Словенија), Шефит Шефити (?), Стенио Жуниор (Рига – Летонија).


АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ДОЈДОА: Бојан Најденов (?), Милан Басрак (Смедерево – Србија), Ангел Гранчов (Фљамуртари – Албанија), Ндуе Мујеци (Цихангир – Кипар), Мите Цикарски (ГАЗ Метан – Романија).

ЗАМИНАА: Марио Маслаќ (Раднички Ниш – Србија), Давид Атанасковски (Македонија ЃП), Михаил Маневски (Брегалница), Марио Крстовски (Работнички), Давид Денковски (Кит Го), Марко Рајковиќ (Хонг Конг).


СИЛЕКС

ДОЈДОА: Филип Осман (Колубара – Србија), Ненад Маринковиќ (Мачва – Србија), Бурхан Мустафов (Струга Трим Лум), Антонио Божиновски (Маџари С).

ЗАМИНАА: Адријан Чаволи (Струмска Слава – Бугарија), Андреја Евремов (Влазнија – Албанија), Стефан Коцев (Енозис – Грција), Дарко Додев (Брегалница), Филип Дурански (Серед – Словачка).


МАКЕДОНИЈА ЃП

ДОЈДОА: Филип Петров (Борец). Давид Атанасковски (А. Пандев), Мартин Ковачев (Русе – Бугарија), Томе Китановски (Кукс – Албанија).

ЗАМИНАА: Бијанор Нето (Шкупи), Бенјамин Демир (Шкупи), Благоја Спиркоски (Пелистер), Лука Трајковски (Тиквеш), Христијан Пецов (Работнички), Албан Сулејмани (Струга ТЛ).


СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ДОЈДОА: Седат Бериша (Дрита – Косово), Фјоралб Делиај (Фљамуртари – Албанија), Албан Сулејмани (Македонија ЃП), Анџело Демај (?).

ЗАМИНАА: Александар Далчески (Лабуништа), Христијан Драгарски (Пелистер), Бурхан Мустафов (Силекс).


ШКУПИ

ДОЈДОА: Бијанор Нето (Македонија), Бенјамин Демир (Македонија ЃП), Јакуп Бериша (Шкендија), Филип Лазаревски (Лабуништа), Дарко Глишиќ (Арда – Бугарија), Мирнес Мешиќ (Челик – БиХ), Чанберк Јурдакул (Бурсаспор – Турција), Фауло Кеита (Сенегал).

ЗАМИНАА: Бојан Ѓорѓиевски (Кит Го), Албан Мифтари (Вардар Форино), Марин Јурина (Месковедс – Унгарија), Филип Стојановски (Феризај – Косово), Бесир Рамадани (Гостивар), Тулио (Бразил), Басилио Ндонг (Вестерло – Белгија), Мевљан Адили (Влазнија – Скадар).


БОРЕЦ

ДОЈДОА Фернандо Силва (Бразил), Дарио Десниќ (Кадино), Александар Атанасов (Германија), Никола Ристевски (Кит Го), Дарко Јоциќ (?), Никоа Радовиќ (Бачка Топола – Србија).

ЗАМИНАА: Филип Петров (Македонија ЃП), Симеон Христов (Влазнија – Албанија), Ѓорѓе Ивљанин (?), Владимир Жоглев (?), Јован Велев (?), Оливер Пеев (?), Филип Ристовски (?), Мартин Блажевски (?), Матеј Миленков (?).


РЕНОВА

ДОЈДОА: Џелил Абдула (Љапи – Косово), Алуш Гавазај (Вуштрија – Косово).

ЗАМИНАА: Љавдрим Скендери (Гостивар), Алдрит Беќири (?).


РАБОТНИЧКИ

ДОЈДОА: Џордан Ломба (Варем – Белгија), Дин Алиомеровиќ (Ла Нусија – Шпанија), Бранислав Трајковиќ (?), Христијан Пецов (Македонија ЃП), Милош Тошевски (Земун – Србија), Драшко Ѓорѓевиќ (Сингелиќ – Србија), Марио Крстевски (А. Пандев), Јаник Дао (Австралија), Христијан Вецевски (Победа).

ЗАМИНАА: Љавдрим Фазлиу (Пелистер), Александер Борха (Пелистер), Кристијан Ацковски (Брегалница), Иван Марковиќ (?), Јаго Силва (?), Немања Илиќ (?), Марко Клисура (?), Марио Станковски (Саса), Страхиња Крстевски (?), Бошко Паповиќ (?).