Со одлука на Управниот одбор на ФФМ, денеска е решено Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21 март 2020 година. Планирано е истото да се одржи во хотелот „Александар Палас“. Интересно е тоа што ова Собрание, кое е Редовно, ќе се одржи само пет дена пред историскиот дуел со Косово.